|

„Независни заедно“: Нов политички субјект во најава започна собирање потписи за влез во изборната трка

Под името „Независни заедно“, активистите од иницијативите „Шанса за Центар“, „Независните“ од Карпош и „Зелените“ од Гази Баба започнаа со собирање потписи за формирање нова политичка партија и заеднички настап на претстојните избори. Потпис може да даде само оној што претходно не поддржал друго политичко здружување. За регистрација на партија потребни се минимум 1.000 потписи.

Паралелно со нив, и иницијативата „Зелен хуман град“ веќе започна со собирање потписи, обидувајќи се да се позиционира како втора независна опција за скопјани.



Слични Објави