Хакери објавија имиња на албански полицајци и агенти, директорот вели тоа не е државна тајна

/

Генералниот директор на албанската полиција Мухамет Румбулаку изјави дека ни најмалку не е загрижен бидејќи хакерите не успеале да дојдат до доверливи информации. Дури и неодамнешното објавување на имиња на полицајци и агенти, за полицискиот директор не е државна тајна.

– Тоа е список со имиња. И покрај тоа што тие се идентификувани и се полицајци, тие немаат никаква врска со доверливи државни тајни информации ниту со државни полициски системи, вели тој.

Додаде дека нема место за загриженост бидејќи полицијата ги има 100 отсто од податоците и покрај она што го кажуваат хакерите. Тој ги демантира и тврдењата дека хакерите стигнале и до системот на Deep Sea. – Системот Deep Sea е мотор пребарувач. Нема информации, нема база на податоци. Но, експертизата ќе го даде последниот збор, рече Румбулаку.

Одговори и на новинарското прашањето дали се чувствува страв меѓу полицајците по објавувањето на имињата? – Нема ни трошка страв. Полицајците не се под притисок од никого. Секој од нив ја продолжува својата работна обврска, тврди тој.

Изјавата ја даде по тркалезната маса организирана од ОБСЕ на која беше презентиран проектот, кој предвидува полицајци, обвинители и судии да бидат дел од обуката за борба против трговијата со луѓе.



Пред два дена шефот на државата Бајрам Бегај го свика Советот за безбедност и побара извештај од челниците на најважните институции во земјата за да дознае како биле погодени од кибер-нападите и мерките што се преземени за да се избегнат други агресии.

По кибер-нападите и објавувањето важни податоци од државните системи, Овинителството на Тирана вчера побара од три земји, Кина, Велика Британија и Русија одземање на податоци и онлајн страници.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Евроамбасадорот Гир му го предаде Извештајот на Европската комисија на премиерот Ковачевски

Следна статија

МНР: Најостро го осудуваме вандалскиот чин врз бугарскиот културен центар во Охрид

Најново од Вести