Евроамбасадорот Гир му го предаде Извештајот на Европската комисија на премиерот Ковачевски

/

Амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир денеска на средба во Владата му го предаде Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година, на премиерот Димитар Ковачевски.

На состанокот, на кој се дискутирало за Извештајот и за очекувањата за текот на евроинтеграцискиот процес на државата и нејзината подготвеност, присуствувале и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Премиерот Ковачевски на состанокот изразил благодарност до Европската Унија за препознатиот напредок на земјата во повеќе области и посочил дека ќе следи детална анализа на Извештајот со која ќе се утврдат областите на кои ќе треба поинтензивно да работиме.

Како што се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, премиерот Ковачевски истакнал дека Република Северна Македонија останува со силна заложба за спроведување на реформските процеси и целосно усогласување на домашното со европското законодавство.



Ковачевски посочил дека стратешка цел на Владата е Република Северна Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија. Овој процес, нагласил Ковачевски, веќе го започнавме летово и очекуваме тој да се финализира до 2030 година.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Џафери го прими Извештајот на ЕК за напредокот на државата за 2022 година

Следна статија

Хакери објавија имиња на албански полицајци и агенти, директорот вели тоа не е државна тајна

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,