| |

МОЈСОВСКИ: НЕМА НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД СПЕЦИЈАЛЕЦОТ ИГОР СПАСОВ

Веќе една недела нема ни трага, ни глас од специјалецот Игор Спасов, кој во петокот требало да се врати во затворот „Идризово“, откако му завршил условниот прекинот на казната. Директорот на затворот Боби Мојсовски уште во понеделник го известил судот во Штип дека осуденикот не се вратил, но оттаму сѐ уште нема добиено повратен одговор.

„Спасов требаше да се врати во петок, до полноќ, но бидејќи не се појави уште во понеделникот го известивме судот во Штип и Управата за извршување на санкции. Сѐ уште немаме добиено повратен одговор, ни изјавил за Фокус директорот Мојсовски.



Слични Објави