|

Се гради нова фабрика за скии во Асеновград, Бугарија, веќе се бараат работници

Производителот на скии „Амер спортс Бугарија“ ќе гради нова фабрика. Компанијата ќе инвестира над 21,5 милиони лева (11 милиони евра) сопствени средства во објектот кој ќе биде со седиште во Асеновград, во близина на Пловдив.

Инвестицијата за SeeNews ја потврди управниот директор на компанијата Ивајло Петров.

„Амер Спортс Бугарија“, која е подружница на австрискиот Amer Sports Holding GmbH, има неколку производствени капацитети во градот Чепеларе, во близина на ски-центарот Пампорово. Во производството работат повеќе од 550 луѓе.

Компанијата веќе бара луѓе за новата фабрика во Асеновград, а првично сите тие ќе поминат обука во базата во Чепеларе, каде што има долгогодишно искуство.

“Амер Спортс Бугарија“, која произведува ски опрема под брендовите Atomic и Salomon, произведе речиси 357 000 пара алпски скии и над 271 000 пара скии за крос-кантри во 2021 година, според нејзиниот последен годишен извештај поднесен во трговскиот регистар.

Продажбите на “Амер Спортс Бугарија“ пораснаа за 7% на годишно ниво до 71,8 милиони лева (36,7 милиони евра) во 2021 година. Нејзината нето добивка значително се намали – од 3,6 милиони лева на 2,2 милиони лева поради повисоките трошоци.

Слични Објави