Во Скопje беше отворена канцеларијата на две нови невладини организации на македонски Бугари
Во центарот на Скопје денеска беше отворена канцеларијата на две невладини организации на македонските Бугари. Истражувачкиот центар „Св. Климент Охридски“ и „Центар за стратешки анализи и планирање“, ќе работат на проекти поврзани со европската интеграција, демократизацијата и човековите права во Република Северна Македонија.
„Сакаме да обезбедиме уште една можност за бугарската заедница во Република Северна Македонија да развива активности на полето на публицистиката, подготовката на анализи, создавањето сопствена продукција, нешто што ќе биде гордост за секој од нас. За жал, она што му се случи на Христијан (Пендиков) е еден од немилите настани што нѐ разочара сите нас кои веруваме дека правото на самоопределување, правото да ја заштитите нашата заедница е прашање на основни човечки вредности и овие вредности не треба да бидат жртва на агресија и негирање. Треба да биде јасно дека бугарската заедница нема намера да прави компромиси со нејзините основни човекови права, нејзиното достоинство, нејзината самосвест. Тоа треба да биде место за образование, култура, креативност. За нас местото на Северна Македонија е во ЕУ и за нас како дел од народите што живеат овде е важно сето тоа да стане факт и законите да важат подеднакво за сите“, истакна Петар Колев. координатор на „Центарот за стратешки анализи и планирање“.

„Јасно е дека Република Северна Македонија нема да започне суштински преговори за членство во ЕУ додека не ги запише Бугарите во Уставот. Тоа што се случи во Охрид е нешто што една правна држава треба достоинствено да го казни. Драго ми е што ја отвораме оваа канцеларија, која треба да биде духовен центар, бидејќи духовноста е клучна за Бугарија, која неслучајно се нарекува „земја на духот“, рече амбасадорот на нашата земја, Ангел Ангелов, кој заедно со претставници на бугарската амбасада го настанот .

„Нашата основна цел е да започнеме продукција која создава публикации, организира изложби, шири знаења, посочи координаторот на „Центарот за научно истражување „Св. Климент Охридски“ Ѓорѓи Трендафилов.

Истражувачкиот центар „Св. Климент Охридски“ доби донација од Веселин Тодоров, основач на рок групата „Фактор“.
На настанот, покрај бугарски дипломати, присуствуваа и македонски Бугари и пријатели на Бугарија од Скопје и Велес.

