| |

СДСМ ИМА 61 ГЛАС ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, НО НЕМА МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА

Има мнозинство од 61 глас во парламентот за донесување на измените во Изборниот законик со кои 18 пратеници, главно од помалите партии од мнозинството, предлагаат една наместо шест изборни единици за претстојните парламентарни избори. Но, според првичните проценки, прашање е дали ќе се обезбеди мнозинство во собраниската Законодавно-правна комисија за предложените измени во Изборниот законик да бидат ставени на гласање на пленарна седница, така што нивното евентуално донесување би значело дефинитивно „збогување“ со моделот според кој се спроведуваа сите парламентарни избори од 2002 до 2016 година, јавува Плус Инфо.

Законодавно-првната комисија, како што објаснуваат пратеници од мнозинството, се соочува со слична ситуација како и Комисијата за избори и именувања, каде што мнозинството е од опозицијата. Разликата е во тоа што на чело на Законодавно-правната комисија, низ која поминуваат сите закони што ги носи Собранието, е Соња Мираковска од владејачката НСДП. На чело на Комисијата за избори и именувања, пак, е Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, така што таму се заглавени повеќе кадровски решенија, вклучително со изборот на нов директор на Државниот завод за ревизија, за кои, од друга страна би имало мнозинство на пленарна седница во законодавниот дом.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави