МАКРОН: МОЈОТ КОМЕНТАР ЗА „МОЗОЧНАТА СМРТ“ НА НАТО БЕШЕ КОРИСЕН
Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека неговата изјава за „мозочната смрт“ на НАТО е корисен сигнал за Алијансата.
„Мојот коментар за мозочната смрт на НАТО беше корисен сигнал за да го привлече вниманието јавноста кон состојбите во Алијансата“, истакна Макрон.
Во интервју за списанието „Економист“ на 7 ноември, францускиот претседател рече дека координацијата во рамките на НАТО е целосно изгубена и Алијансата се наоѓа во состојба на „мозочна смрт“. Тој исто така истакна дека Европа треба да започне да размислува за себе како независна геополитичка сила, инаку „нема како да ја контролира својата судбина.“ Столтенберг и германската канцеларка Ангела Меркел не се согласија со оценката на Макрон за состојбата на Алијансата.

