|

Можно е најновата варијанта на коронавирусот веќе нашироко да се шири во светот, заклучија светски здравствени експерти

Најновата варијанта на коронавирусот, најверојатно, веќе нашироко се шири во светот, заклучија светски здравствени експерти.

Официјални лица на Агенцијата за здравје и безбедност на Обединетото Кралство признаа дека се многу загрижени за варијантата на коронавирусот наречена пирол, која има неверојатна моќ на мутација, а британските медиуми јавуваат дека оваа подваријанта на корнавирусот ја има веќе и во САД, Данска и во Ирска.

Првин црвеното светло се вклучи во Лондон кога неидентификуван пациент дошол заразен, но, како што е познато, тој не ја напуштил земјата.

Експертите заклучија дека фактот што други земји почнаа да го пријавуваат пирол на нивна територија, а таа варијанта беше откриена дури минатата недела, е знак дека оваа мутација на коронавирусот е крајно заразна и дека секако се шири во целиот свет.

Виролозите се особено загрижени за варијантата BA.2.86 на коронавирусот. Еден експерт рече дека оваа варијанта на вирусот е највпечатливиот вид што се појавил откако високопреносливиот вид омикрон се појавил во зимата 2021 година и го зголемил бројот на случаи.



Слични Објави