ИНТЕРПОЛ ОТКРИ МЕЃУНАРОДНА ИЗМАМА ЗА ЗАШТИТНИ МАСКИ ВО ВИСИНА ОД РЕЧИСИ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА

/

Службеници на Интерпол во заедничка акција со властите во Германија, Ирска и Холандија открија криминални активности поврзани со продажба на маски за германскиот медицински персонал, при што е остварена корист од околу 2,4 милиони евра.

При операцијата приведени се две лица, кои се сомничат за измама и перење пари.

Според Интерпол, германските здравствени власти во март побарале медицински маски и се поврзале преку електронска пошта со компанија во Шпанија, која тврдела дека располага со 10 милиони маски. Компанијата не можела да ги достави маските до Германија и го насочила Берлин кон доставувач од Ирска.



Со ирската компанија бил склучен договор за достава на 1,5 милиони маски, кои требало да бидат доставени од Холандија со 52 камиони со полициска придружба. Германија уплатила 1,5 милиони евра, но ирската компанија тврдела дека не ја добила целата сума и побарала да се уплатат уште 880.000 евра на доставувачот во Холандија. Но, и покрај тоа маските не биле доставени во Германија.

Истрагата на холандските власти покажала дека 880.000 евра биле уплатени во една британска банка на сметка поврзана со Нигерија. Две лица успеале да направат копија од електронската пошта на холандската компанија и да ги префрлат парите.



Претходна статија

ФИЛИПЧЕ КОНТРА ДИМИТРИЕВСКИ: ЗАСЕГА НЕМА ПОТРЕБА ОД ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА КУМАНОВО

Следна статија

УТРЕ ЌЕ СЕ РАЗГЛЕДА МОЖНОСТА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ДА МОЖАТ ДА ИЗЛЕГУВААТ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Најново од Вести