ФИЛИПЧЕ КОНТРА ДИМИТРИЕВСКИ: ЗАСЕГА НЕМА ПОТРЕБА ОД ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА КУМАНОВО

/

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека засега нема потреба од дополнителни мерки за Куманово. Во градот има најмногу заболени и починати од коронавирусот.

„Еден од критериумите врз основа на кои ги носиме одлуките, па и тоа дали се потребни дополнителни мерки се и тие од каде се позитивно докажаните пациенти, во смисла дали се од луѓето кои ги имаме во предвид, односно оние кои ги пратиме, значи тие кои се примарни контакти во самоизолација се луѓе кај кои е дијгностицирана болеста. Ако има поголем број на пациенти кои не можат да се поврзат со веќе дијагностицираните, не ја исклучувам можноста, може да разгледуваме и други мерки. Но засега не“, рече Филипче на денешната редовна прес-конференција во Владата на РМ.

Во Куманово вкупно досега има 224 позитивни лица и 12 починати, информираше порано денеска кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Тој побара воведување на 14 дневен карантин за оваа општина.



Претходна статија

ДУРЛОВСКИ: СИНГЕЛИЌ Е КЛАСИЧЕН ПРИМЕР ЗА ДРЖАВА ВО ДРЖАВА

Следна статија

ИНТЕРПОЛ ОТКРИ МЕЃУНАРОДНА ИЗМАМА ЗА ЗАШТИТНИ МАСКИ ВО ВИСИНА ОД РЕЧИСИ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Најново од Вести