|

ЗАЕВ НЕМА ПРОТИВ ОДЛАГАЊЕ НА ПОПИСОТ, НО БАРА ПРОЦЕСОТ ДА ЗАВРШИ ДО СРЕДИНАТА НА ЈУНИ

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за различните ставови на власта и опозицијата околу претстојниот попис, изрази задоволство дека сите чинители во општеството се со став дека пописот е неопходен, и дека конечно после 20 години мора да се спроведе.

„Го видов и предлогот на Претседателот на државата,  пописот да се одложи некој месец. Сé е вредно за размислување. Но знаеме дека во лето знаеме не се спроведува попис, септември е кампања, октомври се локалните избори. Да размислиме ако се одложи да завршиме до средина на јуни. Но, еве гледаме дека опозицијата го одбива и тоа“, рече премиерот Заев.



Слични Објави