САД ГИ УКИНАА САНКЦИИТЕ ПРОТИВ ТУРЦИЈА

/

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ги укинаа санкциите против Турција, што беа воведени пред десет дена поради турската офанзива против курдските сили во северна Сирија.

Одлуката на Трамп следува откако Русија и Турција постигнаа договор за распоредување војници и продолжување на примирјето по должината на сириската граница. Турската офанзива почна по ненадејната одлука на шефот на Белата куќа да ги повлече американските војници од северна Сирија, пренесува Би-би-си.

Трамп го пофали договорот помеѓу Русија и Турција, истакнувајќи дека тој претставува „голем успех“. Договорот беше постигнат во текот на паузата на турската офанзива, и со него е предвидено руските и сириските сили да помогнат во релоцирањето на курдските борци на најмалку 30 километри од турско-сириската граница. Како што јавува Би-би-си, руски војници веќе се распоредени во двата клучни погранични градови – Кобани и Манбиџ.





Претходна статија

ТАРАВАРИ: СДСМ-ДУИ СО ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ДО УНИШТУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ

Следна статија

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Најново од Вести