СУДЕЊЕТО ЗА „ТНТ” ПРОДОЛЖУВА НА 30 АВГУСТ
Во Основниот кривичен суд во Скопје, денешното рочиште за случајот „ТНТ” на Специјалното јавно обвинителство се одложи за 30 август, заради отсуство на судијата Огнен Ставрев, кој го води предметот, а во моментов е на боледување.
Случајот „ТНТ”, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, се наоѓа во доказна постапка, а на последното рочиште беа сослушани сведоци предложени од одбраната.
Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, кои, според обвинението на СЈО, во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос” на Фијат Цаноски.

