Бугарскиот тенисер Иван Иванов ја доби наградата за светски шампион кај јуниорите
Бугарскиот тенисер Иван Иванов ја доби наградата за светски шампион во тенис за јуниори за 2025 година на церемонијата „World Tennis Champions Awards“, одржана во музејот „Victoria and Albert“ во Лондон, јавува Труд.
Тој е првиот бугарски тенисер што ја добил престижната награда на Меѓународната тениска федерација во оваа категорија.
Минатата сезона Иванов ги освои јуниорските титули на „Вимблдон“ и на Отвореното првенство на САД, со што стана првиот тенисер по Сун Чун-Шин во 2018 година со две гренслем-титули кај јуниорите во една сезона. Тој е и вториот Бугарин со јуниорска гренслем-титула по Григор Димитров.
Иванов стигна и до полуфиналето на „Ролан Гарос“, триумфираше на турнир од категоријата J300 во Франција и играше финале на J500 турнир во Милано. Благодарение на силните резултати, 47 недели беше на врвот на светската јуниорска ранг-листа.
Во мај 2025 година ја освои и првата титула кај мажите на турнир во Унгарија, а во септември дебитираше за бугарската репрезентација во Купот „Дејвис“ при победата над Финска, соопшти БФ Тенис.
