ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈУНИ 25.205 ДЕНАРИ

//

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25 205 денари и е за 4,1 отсо поголема од јуни минатата година.

Ваквото зголемување, според Државниот завод за статистика, се должи, пред сѐ, на порастот на платите во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11.7 %), Транспорт и складирање (10.3 %) и Градежништво (5.4 %).

Просечната бруто-плата, пак, во јуни 2019 година изнесувала 37 440 денари.





Претходна статија

СУДЕЊЕТО ЗА „ТНТ” ПРОДОЛЖУВА НА 30 АВГУСТ

Следна статија

ВИДЕО: НОВИНАРИТЕ ЈА ПРАШАА КАТИЦА КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ЗЕМЕНИ ОД КАМЧЕВ?

Најново од Вести