Ковачевски наместо да го осуди вчерашниот вооружен напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид го повтори ставот дека отворањето на клубови со такви имиња е провокација

/

Наместо да го осуди вооружениот напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, премиерот Димитар Ковачевски го повтори ставот дека отворањето на бугарски клубови со такви имиња е провокација.

Потребни се културно – информативни центри кои што ќе ги зближуваат граѓаните на двете држави а не клубови кои ќе предизвикуваат негативни емоции. Нашите граѓани да бидат достоинствени, и да се однесуваат со европските манири, како на држава членка на НАТО и држава која има отворено преговори со ЕУ, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Јас кажав уште кога се отвораа тие клубови дека имињата кои што беа избрани може да претставуваат провокација со оглед на тоа дека тие имиња кои што беа дадени будат негативни чувства во најголемиот дел од нашето општество со оглед на тоа дека тие личности се поврзани со најтемните периоди во европската историја. Исто така, тогаш повикав да се отвораат клубови, односно културно-информативни центри кои што ќе ги зближуваат граѓаните на двете држави и двете држави, а не клубови кои ќе предизвикуваат негативни емоции кај граѓаните. Исто така, повикав и нашите граѓани да бидат достоинствени, и да се однесуваме согласно со европските манири, бидејќи сме држава членка на НАТО и држава која има отворено преговори со ЕУ и идна полноправна членка на ЕУ и затоа треба да бидеме на ниво на такво однесување, рече премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата прашан за став за последниот инцидент со бугарскиот клуб во Охрид, за кој Софија веќе ја информирала и ЕК.
Тој потсети дека имаме нов закон за здруженија на граѓани, согласно кој ќе мора да се усогласат сите здруженија кои се регистрирани во државата, без разлика кои се и какви се, а побарал и изработка на комплетно нов закон за здруженија на граѓани и фондации усогласен со сите политички партии, со претставниците на еврејската заедница и со експерти и истиот да се базира на германското законодавство, на кој работи Министерството за правда.





Претходна статија

Косово и Србија постигнаа договор за регистарските таблички

Следна статија

Вархеји: РСМ да ги открие напаѓачите од Охрид

Најново од Вести