|

КОЛЕВ: МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ПОМАСОВНО СКРИНИНГ ТЕСТИРАЊЕ ПО ПРИМЕРОТ НА ГЕРМАНИЈА, ЈАПОНИЈА И ИЗРАЕЛ

„Македонија треба да се подготви за помасовно скрининг тестирање. Нешто што го прифатиле Германија, Јапонија Израел, државите што имаат успешни резултати во оваа битка“, изјави Петар Колев претседател на Граѓанско Демократска Унија во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Колев го постави прашањето што правиме и кога ќе набавиме поголема количина на тестови.

Според првиот човек на ГДУ во моментот не е време да се форсира популизам на база на цената на тестовите, но подвлече дека тоа не значи дека по поминувањето на кризата ЈО не треба да го истражи и тоа прашање.

Слични Објави