Голем метеж на Богородица: во неколку колони се чека влез во Грција
Големи гужви на граничниот премин Богородица за влез и за излез од Македонија.
Според информациите, за влез во земјава се чека околу еден час, а за излез околу половина час.
Снимките од надзорните камери прикажуваат редици од автомобили и камиони во застој.
Топлото време и температурите над 40 целзиусови степени, поттикнаа голем број граѓани да ја напуштат земјата и да се упатат кон туристичките дестинации.
Се наполни и Охрид.