ПОПИСОТ ЌЕ ЧИНИ ПОВЕЌЕ ОД 520 МИЛИОНИ ДЕНАРИ- ЗАКОНОТ ЗА НЕГОВОТО СПРОВЕДУВАЊЕ КОНЕЧНО НА ДНЕВЕН РЕД
Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање, јавува НОВАТВ.
Државниот завод за статистика во април 2020 година треба да го спроведе деветтиот Попис на населението, становите и домаќинствата на територијата на Република Северна Македонија.Според Предлог-законот, се предвидува дека за спроведувањето на Пописот ќе бидат потребни повеќе од 520 милиони денари.

