НАПАЃАЧОТ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО КАЛИФОРНИЈА Е УБИЕН
Полицискиот началник во градот Гилрој, каде што се случи вооружениот напад за време на Фестивалот на лукот потврди дека напаѓачот е убиен. Порано денеска во медиумите се појави информација дека се работи за жена на околу триесетина години, но тоа беше демантирано од полицијата.
Според официјалните информации за време на нападот се убиени 3 лица, а 15 се повредени. Очевидци тврдат дека со напаѓачот имало и втор човек, но не се знае дали и тој пукал.
