|

Османи: Очекувам наесен да бидат именувани нови градоначалници

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека очекува наесен да бидат именувани нови градоначалници во четири општини на северот на Косово и дека најдобро би било Србите да побараат смена на градоначалниците, бидејќи тоа ќе биде доказ дека навистина сакаат избори.

„Ако тие самите го побараат изборниот процес со потписи, тогаш имаме многу поголеми шанси да учествуваат во овој изборен процес, поради што инсистирав да одиме со таа процедура“, рече таа, пишува Коха.

Османи рече дека Приштина сè уште нема добиено гаранција од Европската Унија дека Србите на север ќе учествуваат на изборите што се очекуваат по летото и изрази надеж дека ќе има промена во пристапот на земјите-членки на ЕУ во однос на мерките воведени во Косово.

Се надеваме дека ЕУ ќе ги повлече мерките кои неодамна беа неправедно преземени против Косово и дека можеме да продолжиме со поголем успех во дијалогот, кој ќе продолжи следната среда“, рече Османи.



Слични Објави