|

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Евиа

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди грчкиот остров Евиа.

Земјотресот се случил во 16:14 часот по локално време, на 23 километри источно-југоисточно од Кими на Евиа.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а сеизмички потреси биле почувствувани и во Атика, пренесува Катимерини.



Слични Објави