| |

Теодор Цветков од Русе, Република Бугарија го фати чесниот крст во Гевгелија

Најсреќен меѓу дваесеттината кои скокнаа по светиот крст во реката Вардар во Гевгелија беше 28- годишниот државјанин на Република Бугарија, Теодор Цветков од градот Русе, јавува локалната гевгелиска телевизија НОВА .

Свештените лица и многубројните граѓани на Гевгелија,кои по убавото време го следеа овој настан, беа пријатно изненадени што по втор пат,по 2018 година, чесниот крст во Гевгелија го фати Теодор. Тие на Цветков му посакаа многу здравје и му порачаа со светиот Богојавленски крст да ги посети сите христијански домови во Гевгелија.

Тој од градоначалникот на општина Гевгелија доби лап топ како подарок, а фирмата Зегин му додели ваучер.

Цветков досега учествувал на фаќање на крстот и во други земји во светот, како и во Москва во Русија.

Среќниот носител на крстот од водите на Вардар до свештените лица кои го дочекаа на мостот го прими благословот. Негова желба е крстот да го остави на црквата, а средствата што ќе се соберат со неговата посета на сите домови во Општината да се донираат на болно дете, или дете со посебни потреби.

Слични Објави