| |

ГЛАСАЊЕТО НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗАВРШИ, ДО 18:30 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ МАЛКУ НАД 34 % ОД ГЛАСАЧИТЕ

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“. По затворањето на избирачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаа еден милион 806 илјади и 336 гласачи запишани во Избирачкиот список. Се гласаше на 3.748 избирачки места кои беа отворени од 7 до 19 часот. Според последните податоци што ги објави Државната изборна комисија (ДИК), одѕивот до 18:30 часот беше 34,09 проценти.

Слични Објави