Се повеќе независни кандидати за градоначалници – официјализирана соработката на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива

/

Собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи трае до 30 август. Вработените во подрачните единици на Државната изборна комисија (ДИК) денеска и утре ќе работат еден час подоцна, а на 30 август, ќе работат до 24 часот, најавија вчера од ДИК, пренесува zoom.mk.

Според податоците што ги објави вчера ДИК, досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи за учество на локалните избори, а потписи собрале и 30 независни советнички листи во различни општини во подрачните единици на ДИК.

Паралелно тече и увидот во Избирачкиот список, како и промоцијата на кандидатите, како независни или со поддршка на партии и коалиции. Најновата соработка на локалните избори, објавена вчера, е помеѓу опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива.



Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива, Христијан Мицковски, Зијадин Села и Африм Гаши, вчера на средба постигнале договор за соработка на претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври, објавија партиите во заедничко соопштение. За деталите за соработката ќе се договараат општинските организации на трите партии.

Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

Нови услови за влез во Бугарија од 1 септември

Следна статија

Николовски: Нема препукувања, СДСМ сака да ги одбере најдобрите кандидати

Најново од Вести