Николовски: Нема препукувања, СДСМ сака да ги одбере најдобрите кандидати

/

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски денеска соопшти дека до крајот на месецот, односно идната недела, СДСМ ќе ги објави и останите кандидати за претстојните локални избори.

Според Николовски, кој тврди дека во партијата нема никакви дилеми, ниту препукувања, СДСМ убедливо води во источниот регион, а одлуките за тамошните три општини најверојатно ќе бидат познати во понедленик или вотрник.

-Верувам дека до крајот на месецот ќе ги објавиме сите останите кандидати. Нема препукувања, туку има повеќе кандидати, но ние сакаме да ги одбереме најдобрите. Го слушаме гласот на граѓаните, правиме внатрепартиски, но и теренски истражувања, отворено транспарентно, низ демократска процедура, истакна Николовски.

СДСМ, дополни генералниот секретар на партијата и вицепремиер, внимателно ги носи одлуките.



-Промовиравме 51 кандидат. Остануват уште над десетина општини. Имаме во последниот круг на одлучување општини во кои СДСМ води со над десет или 15 проценти. Во Крива Паланка водството на СДСМ над ВМРО-ДПМНЕ е 2:1. Секој кадндидат ќе го победи кој било друг. Целта е да ги одбереме најдобрите. И во Кочани водството на СДСМ е огромно пред ВМРО-ДПМНЕ, во Центар, во Струмица, во Шуто Оризари,… Така е и во Македонска Каменица, подвлече Николовски.

Претходна статија

Се повеќе независни кандидати за градоначалници – официјализирана соработката на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива

Следна статија

Попладне нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Најново од Вести