Заев, заедно со Османи и Димитров утре во Софија

//

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата, Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари работна посета на Софија.

Целта на посетата, како што информираат од владината прес-служба, е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Македонија.

Премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија Румен Радев, со премиерот на Бугарија Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Република Бугарија.



Извор: Zoom.mk

Претходна статија

Демант од Софија: Радев и Бајден не разговарале за РС Македонија-нема притисок врз Бугарија од страна на САД

Следна статија

Заев: Бугарија е должна да ја поддржи РС Македонија

Најново од Вести