Заев: Бугарија е должна да ја поддржи РС Македонија

//

„Ние навистина сме пријатели и братски народи. И тоа треба да се докаже со активности. Разбирам дека понекогаш и браќата може да се скараат. Но Бугарија е должна да ја даде својата поддршка за РС Македонија, бидејќи само на таков начин ќе се развива нашето пријателство и соработка. Западна и северна Европа ќе не почитуваат повеќе ако бидеме покооперативни и наоѓаме повеќе начини да ја зголемиме соработката како меѓу нашите народи така и меѓу нашите компании, на начин тоа да биде од корист за бугарскиот и македонскиот народ“, изјави Зоран Заев пред својата посета на Софија подвлекувајќи дека политичарите од двете страни ќе најдат решение за проблемот.

Заев потсети дека според Софија, Скопје не работи доволно ефективно на Договорот за добрососедство и соработка.
„Нивно право е да кажат дека бараат подинамична организација на овој Договор. И ние сакаме. Ние сакаме ако може уште утре да ја пуштиме железничката пруга Куманово-бугарска граница-Софија. А од таму кон Истанбул. И ние сакаме уште утре како што пуштивме дел од Коридорот 8, Скопје-Миладиновци-Свети Николе-Штип и од таму од Кочани-Делчево-Берово-Клепало која што е изградена целосно, да го имаме истото и кон Крива Паланка. Работиме по тоа прашање и верувам дека во иднина ќе бидеме уште подинамични“, вели Заев.



Претходна статија

Заев, заедно со Османи и Димитров утре во Софија

Следна статија

Ги нарекуваш Бугарите фашисти и окупатори, а во задниот џеб стрчи бугарскиот пасош!

Најново од Вести