„Прашањето за европската интеграција на Република Северна Македонија не e дискутирано за време на краткиот разговор помеѓу претседателот Румен Радев и американскиот претседател eо Бајден“, соопштува кабинетот на бугарскиот претседател специјално за БГНЕС.
Причина за ова соопштение е информацијата дека темата за европска интеграција на РС Македонија била централна во разговорите меѓу двајцата шефови на држави и дека Бугарија била под сериозен притисок да даде „зелено светло“ за започнување преговори со Скопје со Европската унија.