| |

Ќучук: ЕУ треба да одлучи на која страна треба да оди

Можеби Европската Унија има високи стандарди за животната средина и социјалната политика, но ЕУ треба да одлучи на која страна треба да оди, дали да биде политички сојуз како досега или пак да оди напред за подобар живот на граѓаните, изјави европратеникот Илхан Ќучук.

– Треба да се реши процесот меѓу Бугарија и Северна Македонија, да бидат исполнети точките од Договорот, се со цел да прекине блокадата на Северна Македонија, нагласи Ќучук во вчерашното обраќање на конференција на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и Либерално демократската партија (ЛДП), насловена „Обновен наратив за забрзана интеграција на ЕУ“.

Ќучук кој е копретседател на АЛДЕ нагласи дека целта на конференцијата е уште еднаш да се  потврди чистата позиција дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ.

Инаку, Ќучук денеска во Софија е домаќин на Форумот за Западен Балкан насловен „Време е за враќање на довербата”, кој се организира во партнерство со Фондацијата за либерална интеграција и Европскиот либерален форум.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави