Денеска Европа им оддава почит на жртвите на сталинизмот и нацизмот

//

Денеска земјите од стариот континент го слават Европскиот ден во спомен на жртвите на сталинизмот и нацизмот, познат и како Ден на црната лента, пишува бугарски Фактор. Денот се одбележува секоја година од институциите на Европската Унија од 2009 година.

23 август е прогласен за „паневропски ден  за почитување на споменот на жртвите на сите тоталитарни и авторитарни режими со одлука на Европскиот парламент.

На овој датум во 1939 година, Германија и Советскиот Сојуз потпишаа пакт за ненапаѓање познат како пакт Молотов-Рибентроп. Кон договорот бил усвоен и таен протокол во кој биле наведени т.н „сфери на влијание“ и зони на окупација. Во пракса, пактот меѓу Хитлер и Сталин ја најави Втората светска војна и Студената војна што следеше.



За прв пат, предлогот да се прослави 23 август како Ден на жртвите на сталинизмот и нацизмот беше даден во јуни 2008 година на конференцијата „Европската совест и комунизмот“ во Прага. На форумот е усвоена таканаречената Прашка декларација.

Претходна статија

Бугарите во Албанија бараат итна средба со претседателот на Бугарија Румен Радев

Следна статија

Страницата на Атлантскиот совет на Бугарија блокирана од Facebook заради содржини против Путин и војната во Украина

Најново од Вести