Бугарите во Албанија бараат итна средба со претседателот на Бугарија Румен Радев

//

Бугарите во Албанија бараат итна средба со бугарскиот претседател Румен Радев, јавува БНТ. Спорот меѓу Софија и Скопје се пренесе и во Албанија, каде што се очекува два реона Голо Брдо и Гора да бидат прогласени за посебни општини. Во тие региони има бугарско малцинство, што е признаено и од парламентот во Тирана во 2017 г. Организации блиски до Скопје тврдат дека населението во овие региони е македонско.

„Сите патишта кон нашата територија се црни, нема ниту еден асфалтиран пат. Тешко е да дојдеш во нашите територии. Немаме ниту еден пратеник. Во општините немаме ниту еден човек од нашите луѓе“, вели Хаџи Пируши од бугарското здружение „Просперитет“ во Голо Брдо.

„Во минатото Голо Брдо била самостојна општина, во матичните книги било запишувано каде е роден одреден човек и бидејќи таму има компактно бугарско население, многу полесно се докажуваше бугарското потекло на луѓето. Денес тие општини се ликвидирани и чисто административно се губи секаква трага“, вели доц. Спас Ташев од БАН.

Во однос на тврдењата на Васил Стериовски дека во Албанија живеат само Македонци и нема Бугари, Бугарите во Албанија одговараат со иронија и насмевка.



„Ве молиме да не се занимавате со тоа што го зборуваат овие луѓе. Нашиот Устав е јасен и во него се вели секој човек да каже каков е. Кон која нација припаѓа. Не му се потребни на Стериовски тие Македонци, ние немаме ништо заедничко со нив“, категоричен е Хаџи Пируши.

Ташев од своја страна пак истакна дека Бугарите во Албанија имаат потреба од училишта и поактивна помош од страна на Бугарија. Тој истакна дека многу млади луѓе од овие реони на Албанија своето високо образование го завршиле во Бугарија, додавајќи дека тие можат да бидат мост за соработка.



Претходна статија

(Видео) Чавдар Стефанов: Она што се случи со Дугина е резултат на внатрешните противречности во Русија

Следна статија

Денеска Европа им оддава почит на жртвите на сталинизмот и нацизмот

Најново од Вести