Косово и Србија постигнаа договор за регистарските таблички

/

Косово и Србија постигнаа договор за регистарските таблички, потврди високиот претставник на европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел.

„Имаме договор! Со големо задоволство можам да објавам дека главните преговарачи на Косово и Србија, со посредство на ЕУ, договорија мерки за избегнување на понатамошна ескалација и целосно да се концентрираат на предлогот за нормализација на нивната односи“, објави Борел на твитер.



Борел изјави дека Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на косовските градови и дека Косово ќе ги прекине понатамошните активности поврзани со пререгистрацијата на возилата.

Претходна статија

Од 1 декември субвенционирана струја ќе добиваат и 233 основни и средни училишта

Следна статија

Ковачевски наместо да го осуди вчерашниот вооружен напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид го повтори ставот дека отворањето на клубови со такви имиња е провокација

Најново од Вести