Деца спортисти со специјални потреби од Бугарија и РС Македонија одиграа фудбалски натпревар во Скопје

//

Во Скопје се одржа пријателски натпревар меѓу фудбалски екипите на Бугарија и Република Северна Македонија за деца со ментални здравствени проблеми и други специјални потреби, со што се означи крајот на пандемијата Ковид-19 и можноста за слободно преминување на границата.

„Работиме заедно повеќе од 5 години, организирајќи заеднички иницијативи за деца со Даунов синдром, церебрална парализа и аутизам и во Бугарија и во Северна Македонија. Ваквите спортски средби многу ни недостасуваат, бидејќи децата се познаваат, другари се, нема спортска злоба на натпреварите, тие се забавуваат. Еве ги националните спортисти на Бугарија со Даунов синдром од целата земја“, изјави за БТА Слав Петков, претседател на Федерацијата за адаптирана физичка активност на Бугарија.

„Во мојот тим има деца, главно со Даунов синдром и аутизам. Ова се најдобрите деца, верувајте ми! Тоа се деца кои сакаат спорт, сакаат музика. Со бугарската репрезентација имаме добро пријателство веќе 6-7 години и се надеваме дека ќе продолжиме и во иднина“, изјави Борче Боев, генерален секретар на Сојузот на спортски федерации на Република Северна Македонија.

„Добредојдовте на репрезентацијата на Бугарија. Добро не примивте, на репрезентацијата на Република Северна Македонија, се надевам дека ќе одиграте добар натпревар и сите ќе освоите медали“, посака на отворањето на турнирот амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов.



„Ви посакувам многу успех, напред, не само на Балканот, туку и во целиот свет!“, им посака спортистите сопругата на амбасадорот, г-ѓа Билјана Ангелова.

„Чест и задоволство е што имаме прекрасни гости од Бугарија. По две години пандемија, се надеваме дека се е готово и овие деца ќе бидат поддржани во сите иницијативи што ќе се одржуваат отсега“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт во Република Северна Македонија Наумче Мојсоски, кој го отвори фудбалскиот натпревар, кој продолжи со зумба играње и насмеани, прегрнати „ривали“.

Претходна статија

Планинарски марш на Водно по повод Европскиот ден на знамето

Следна статија

МПЦ-ОА ќе го канонизира за „прв македонски просветител“, бугарскиот преродбеник Јоаким К’рчовски

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да