АКО ВАШАТА СМЕТКА ЗА СТРУЈА НЕ ОДГОВАРА НА ПОТРОШУВАЧКАТА ТРЕБА ДА ПОДНЕСЕТЕ ПРЕТСТАВКА ДО РКЕ

Граѓаните чии сметки за електрична енергија не соодветствуваат со реалната потрошувачка, и истите не се корегирани од ЕВН, можат да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која има надлежност да постапува во овие случаи, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија.

„Граѓаните  можат самостојно да извршат отчитување на броилото на електрична енергија и состојбата да ја пријават соодветно преку интернет платформата на ЕВН. Доколку добиената сметката отстапува од реалната состојба што ја прикажува броилото, компанијата е должна да изврши корекција на месечната сметка за потрошена електрична енергија. Во случај да не бидат корегирани податоците и сметката ако отстапува од реалната потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа потрошувачите можат да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која ќе посредува со цел да добијат сметка во која ќе биде фактурирана потрошената електрична енергија, изјави  Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.