ФРАНЦУСКИТЕ ЛЕКАРИ ПРОТЕСТИРАА, ПОЛИЦИЈАТА ГИ КАЗНИ И УАПСИ ТРОЈЦА

Најмалку 50 здравствени работници се казнети, а тројца уапсени за време на протестот пред болницата во Париз, пишува „Би-би-си“.

Повеќе од 400 лекари, медицински сестри и помошен персонал протестирале барајќи поголемо финансирање на болниците. Тие побараа повисоки плати и реформи за подобрување на условите за работа на здравствените работници. Од полицијата кажале дека ги кршеле дека демонстрантите ги кршеле правилата за физичко растојание

Од оние што не ги почитувале правилата било побарано да се оддалечат едни од други, а оние што не се придржувале кон тоа се казнети со 135 евра.

Болницата „Роберт Дебри“ пред која протестираа се наоѓа во северниот дел на Париз и веќе имаше финансиски тешкотии пред епидемијата на коронавирус. Во говорот одржан за време на протестот е истакнато дека здравствените работници биле преморени, премногу работат и се плашат од пренесување на вирусот на персоналот.

Франција почна да ги олабавува мерките претходно овој месец кога се отворија продавници и основни училишта. Сепак, Париз сè уште е под строга контрола.

Извор: Макфакс