| |

ЌОТЕК И СКРШЕН РЕТРОВИЗОР, ШТО БОЛИ ПОВЕЌЕ?

Погледнете го видеото ако не сте го виделе до сега.


Останавте со подотворена уста, во неверување и вчудоневидување, нели? И јас… Онака ми дојде за момент еј дај премотај уште еднаш, можно ли е? Чекај, чекај тоа жената гола ли е?! Па она му го крши ретровизорот! Ау како ја тресна од земја! Не бе, дај мотај уште еднаш! Што вика човекот? Дроља?!
Минута молк и милион приказни во главата.

Судејќи според локацијата, првата приказна што ми падна на памет е дека чичето отишол да се „забавува“ кај МТВ, не платил, па дадата нели пошто си „сработила“, мора да си наплати. Втората, како чичето ја налутил швалерката па она станува агресивна и дирекно го напаѓа таму кај што повеќето мажи ги боли, АВТОМОБИЛОТ (посебно ако си таксист, сепак нели од тоа си го вадиш лебот). Трета… Ај да не одиме на третата претпоставка. Не за џабе е кажано дека претпоставката е мајка на сите заебанции во животот. Ај да го тргнеме сето тоа на страна. Мене едно прашање ме мачи. КАКО МОЖЕ БИЛО КОЈ, БЕЗ РАЗЛИКА НА ПОЛОТ ДА КРЕНЕ РАКА НА НЕКОГО?! Толку ли нема начини, цивилизирани, да се реши одреден проблем без разлика какво е неговото потекло?! Зошто воопшто да дојде до ситуација на таков голем скандал, што ќе го гледаат вашите, нашите деца, мајки, татковци, баби, комшии? Во што се претвори нашето општество?! Зарем останавме со таков краток фитиљ? А да, ќе заборавев, крај на месец е нема веќе рецепти за диазепами и слични срања за смирување! Во целата оваа ситуација, агресијата на жената, кревањето рака на мажот, голотијата (побогу зошто воопшто таа е гола?!) има уште нешто што навистина ме запрепасти! НЕКОЈ СНИМА ВИДЕО НАМЕСТО ДА ВИКНЕ ЗА ТОА ВРЕМЕ ПОЛИЦИЈА! Добро бе луѓе што ви е?! ШТО НИ Е ?! Дали сте свесни дека го достигнавме дното како луѓе? Се изгуби ли чувството за што е правилно а што не е? Се изгубивме ли ние од долгогодишните неправди, стресови и сиромаштија? Дали ние што останавме во оваа земја веќе сме колективно полудени?! Гревота! Дајте па и вие од Владава земете легализирајте го еднаш курвалокот, така белки нема никој никого да може да го натепа пошто нели ќе си имаат обезбедување. Исто така нема да се шират болести, пошто нели ќе бидат сите проверени и жените дома нема да си го однесат со некоја пренослива болест! Дајте бе, исто легализирајте ја тревата. Ќе земат ќе пушат, ќе смират нерви и нема да креваат раце белки. Еј, замислете од вакви случки да дојдеш до степен сѐ со Божји закон забрането да посакуваш да дојде, само и само да не биде никој повреден. Или сепак не. Имам јас подобра идеја. Што викате да се донесе еден убав шеријатски закон? Белки после сите ќе си седат мирни на смрдените г*зови. Штета. Срам. Страв. Се надевам дека полицијата брзо ќе го реши овој скандал и дека организациите за заштита и права на секој граѓанин ќе ја земат работата и ќе го испитаат случајот.

П.С: Не викам дека чичето или дадата е крива. Тоа ќе си каже истрагата ако воопшто ја има. Поената ми беше друга. Секој од нас треба да се замисли. Ова сме ние, СИТЕ НИЕ, кои оставаме пример на нашите идни генерации. Јас немам дете. Но ако имам еден ден, посакувам да не живее во вакво изветоперено општество, каде врвот на достигнувањето е седење на кооперација со бакса пиво и месен нарезак потопен со вегета!

Автор: Елизабета Најдоска Величкова

Слични Објави