Годишнината од атентатите во САД беше одбележана со специјални церемонии во Њујорк и Пентагон
Со посебни церемонии во Њујорк и пред зградата на Пентагон беше одбележана 24-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, јавува БНР.
Точно во 8:46 часот по локално време, ѕвоната на т.н. „градилиште нула“ во Њујорк го означија моментот кога пред 24 години првиот од киднапираните патнички авиони удри во еден од облакодерите на Светскиот трговски центар. Вториот авион удри во втората кула само дваесетина минути подоцна.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга присуствуваа на церемонијата пред Пентагон, каде што во 9:37 часот наутро удри третиот авион. Четвртиот киднапиран авион се урна во Пенсилванија, откако патниците се обидоа да ги спречат терористите да ја извршат својата мисија.
Во нападите на 11 септември животот го загубија речиси 3.000 луѓе. За атентатите одговорност презеде терористичката организација „Ал Каеда“.
