| | |

НОЈ СТРАТЕГИЈА: ГОЦЕ БИЛ МАКЕДОНЕЦ, АМА СЕ ПИШАЛ БУГАРИН ЗАРАДИ ДОКУМЕНТИ

Го читам пред некој ден нашиот претседател кој вели:  „Ако пишува споделена историјата, а ти сакаш Гоце Делчев да биде пишан како чист Бугарин, кој е резонот па јас да го славам тогаш, ако е само твој.“  Во оваа една кратка изјава можеме да го видиме целиот проблем на македонската историографија и нејзините гледишта.

Како прво, се поставува прашањето дали има резон да го славиме Питу Гули кој недвосмислено бил „чист“ Влав? Просто кажано, дали мора да биде некоја историска личност „чисто македонска“ за да биде достојна да се слави во денешна Република Македонија?

Како второ имам голем проблем со тврдењето дека  ако некој бил Бугарин,  како што Гоце според своите изјави недвосмилесно се изјаснувал,  ние немаме причина да го славиме.  Од ова испаѓа дека можеме сè да простиме некому, но не и бугарското самознание.

Во нашата јавност најголем грев е изјаснувањето за Бугарин. Џабе човекот го даде животот за ослободување на Македонија од најголемата тиранија, џабе ја крена на нозе Организацијата од која што подоцна за прв пат произлезе идејата за независна Македонија,  џабе остана во колективното сеќавање на народот (иако во меѓувреме национално променето) како најголем херој. Се тоа за што овој народ има основ да го слави Гоце, паѓа во вода, затоа што тој бил Бугарин. 

Според југословенската матрица на гледање на македонската историја, Гоце во тој случај треба да спадне во рангот на „предавниците“ Александров, Михајлов и др. Тоа пак самото по себе е голем проблем за југословенскиот македонизам. Ако човекот од когошто нашите историчари и политичари за 80 години направија мит и легенда дека е најголем Македонец, на крајот испадне дека се чувствувал како Бугарин, тоа значи дека нашата историја лаже. Ако лаже и крие работи за Гоце, што ли останува за другите делови од нашата историја и колку и какви лаги се изнакажани и изнапишани во овие 80 години?

Тоа е всушност и причината зошто Македонија ќе продолжи да го слави Гоце и покрај неговото изјаснување како Бугарин, што на многумина во Македонија им дојде како шок. Нема да продолжиме господине Пендаровски да го славиме поради неговото дело и неговите идеи, туку поради срамот. Затоа што, ако престанеме да го славиме Гоце ќе мора да признаете пред светот и пред македонскиот народ што сѐ криевте од него и го лажевте со децении. Ќе мора длабоко да погледнете во минатото и да најдете начин да го редефинирате. Сепак вие нема да ја имате таа храброст и доблест. Вие повторно ќе ја закопате главата во песок и ќе кажете Гоце бил Македонец, само Бугарин се кажувал ради пасошот и ќе продолжите да го славите како најголем Македонец во историјата.

Автор: С. Маузер



Слични Објави