КАМЧЕВ ДОЈДЕ САМ ДА СВЕДОЧИ ЗА „РЕКЕТ“
Бизнисменот Јордан Камчев денеска сам се појави во Кривичниот суд во Скопје, иако заедно со сопругата Ана Камчева треба да бидат сведоци на Обвинителството за случајот „Рекет“, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.
На денешното рочиште за „Рекет“ од домашен притвор треба да биде донесена второобвинетата Катица Јанева, а првообвинетиот Бојан Јовановски од КПУ Затвор – Скопје, каде што издржува мерка притвор.
