МАКРОН ОД ПУТИН И ЕРДОГАН ПОБАРА ПРЕКИН НА КОНФЛИКТОТ ВО СИРИЈА

//

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика претседателите на Русија и Турција да ги прекинат непријателствата во Сирија и да договорат постојан прекин на огнот.

Макрон во одделни телефонски разговори со Путин и Ердоган рекол дека е длабоко загрижен за можната хуманитарна катастрофа предизвикана од сириската офанзива во Идлиб, пренесува „Ројтерс“.

„Претседателот истакна дека е неопходен итен прекин на огнот односно ги повика Русија и Турција да воспостават постојан прекин на огнот како што беше договорено со Франција и Германија на Самитот во Истанбул во 2018 година“, соопштија од Елисијеската палата.

Макрон, исто така, жали за смртта на турските војници во Сирија и ја повика Турција да соработува со Европската унија по однос на мигрантското прашање.



Извор: Макфакс

Претходна статија

НЕМА НОВ СЛУЧАЈ НА ЗАБОЛЕН ОД КОРОНА ВИРУС ВО НАШАТА ДРЖАВА

Следна статија

НИШТО ОД „МРАКОТ“ – ШТЕТА!

Најново од Вести