НОВИ ОЏАЧАРИ ВО СКОПЈЕ

Вести Македонија

Градот Скопје најави дека ќе го субвенционира чистењето на 100 оџаци на домаќинства во рамките на обуката што ја организираат градските власти во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување. Чистењето е започнато и е во тек. За да добијат бесплатно чистење граѓаните можеа да се пријават на отворениот повикот на порталот на Градот Скопје.

Со оваа акција Скопје ќе добие 10 нови едуцирани оџачари, кои по завршувањето на обуката ќе добијат основни материјали за отворање сопствен бизнис. Ние пак, граѓаните ќе добиеме побезбедни домови и подобар квалитет на живот.