ВМРО ДПМНЕ : EДИНСТВЕНО НЕШТО НА ШТО Е ПОСВЕТЕНА ВЛАДАТА Е КРИМИНАЛНОТО ПРЕЛЕВАЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ ПАРИ ВО ЏЕБОВИТЕ НА МИНИСТРИТЕ

Вести Истакнато Македонија

Единствено нешто на што е посветена Владата е криминално прелевање на државните пари во џебовите на министрите преку компаниите и организациите на нивните соработници.

Анализата со која се фали власта е насочена само кон начините како да го заштити криминалот и корупцијата за која сведочи целата, и домашна и меѓународна јавност.

Видливо и за македонските граѓани и за ГРЕКО се само криминалните милионски тендери и бесрамно црпење на буџетските фондови додека судството е ставено во стега за врвот на овој криминален клан да се спасат од правдата.

Лажната декларативната заложба за борбата против корупцијата е препознаена и од ГРЕКО  и од граѓаните. Концепт на лажната отвореност, отчетност и транспарентност, завршува со секој нов криминален скандал на оваа власт.

Власта не одговара како ли ГРЕКО ќе го разгледува случајот Тендер од 35 милиони евра во здравството на министерот Филипче? Како ли власта ќе го објасни на ГРЕКО случајот со поделбата на фондот за иновации на Анѓушев, на Локвенец, на советничката за култура на премиерот Ласкова. Како ли Шекеринска ќе го објасни делењето пари на наводни непартиски организации каде и самата членувала, а други министри се дел од раководните структури? Како ли повторно Филипче ќе го спакува поделбата на 400.000 евра набавка од компанијата на својата партнерка, инаку директор на една клиника? Како ли ќе ги објаснат милионитре евра дадени за возила од МВР и од МО за компании кои не се директни увозници?

Одговорност за криминалот и корупцијата мора да има и ќе има тогаш кога Република Македонија и правосудството ќе се ослободат од канџите на аболицирани и помилувани криминалци на власт, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.