ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА НЕ КАЖАЛА НИШТО ЗА „РЕКЕТ“ ПРЕД РИКЕР

/

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, придружуван од американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс денеска ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Поранешниот амбасадор на САД во нашата земја Филип Рикер изрази задоволство што повторно е во посета на Битола и ја претстави новата американска амбасадорка Бернс, која за прв пат беше во официјална посета на Општина Битола.

Во известувањето од средбата, нема информации дали Петровска била прашана и дали ги информирала високите гости за нејзинот случај во аферата „Рекет“.



Градоначалничката Петровска која беше посочена како една од жртвите во големата афера вчера изјави дека истражните органи досега не ја контактирале во врска со овој случај.

Претходна статија

ШИЛЕГОВ НАЈАВИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА ФОНТАНИТЕ ВО ВАРДАР И ТЕМЕЛИТЕ НА ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО

Следна статија

ДУИ БАРА ОБВИНИТЕЛОТ НА НОВОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА СЕ БИРА СО БАДЕНТЕР И МЕЃУ РЕДОВИ ИСТИОТ ДА БИДЕ АЛБАНЕЦ

Најново од Вести