|

МРТВА ТРКА МЕЃУ МИЛАНОВИЌ И ГРАБАР-КИТАРОВИЌ НА ИЗБОРИТЕ ВО ХРВАТСКА

Во Хрватска на полноќ започна изборниот молк во пресрет на утрешниот втор круг од претседателските избори, на кои 3.860.000 гласачи ќе се изјаснат за Колинда Грабар-Китаровиќ (ХДЗ) или поранешниот премиер Зоран Милановиќ (СДП), јавува Лидер.

Изборниот молк ќе трае до недела во 19 часот, односно до затворањето на гласачките места.

Државната изборна комисија ги повика кандидатите, нивните предлагачи, гласачите и медиумите да го почитуваат изборниот молк. Исто така побарано е молкот да се почитува и на социјалните мрежи.

На полноќ истече и рокот за собирање донации. Според извештаите, во тоа поуспешна е Грабар-Китаровиќ, која до 27 декември од донатори доби 2,3 милиони куни (околу 308.000 евра), додека Милановиќ собра 813.000 куни (околу 110.000 евра).

Според последната изборна анкета, објавена синоќа во Дневникот на Нова ТВ, 45 проценти од испитаниците планираат да гласаат за Зоран Милановиќ, а 42 проценти за Колинда Грабар-Китаровиќ.



Слични Објави