|

ЧУЛЕВ: ПРИОРИТЕТ ЌЕ БИДЕ ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

Новоизбраниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Наќе Чулев, најави увид во состојбите во Министерството и соопшти дека ќе ја информира јавноста доколку имало издадено незаконски решенија за вработување.
Според Чулев, приоритет во наредниот период ќе биде организирање мирни, фер и демократски избори.

„За таа цел ќе бидат презмени широк спектар активности за превенирање евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително, со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен перод, во соработка со меѓународни и други државни институции, ќе бидат преземени активности за стабилизација на државата, заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните“, изјави Чулев.



Слични Објави