| | |

СДСМ СО НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ НА ПОСЛЕДНАTA ИНТЕРНЕТ АНКЕТА НА НАШИОТ ПОРТАЛ

Владејачката партија СДСМ доби 34% од гласовите на нашата последна анкета насловена „За кого ќе гласате на следните парламентарни избори“. На 100-тина дена пред одржувањето на изборите, според нашата анкета СДСМ има речиси 5 % повеќе од најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ (29 %).

Во албанскиот политички блок првото место убедливо го зазема партијата Алијанса на Албанците со 7%, додека пак владејачката партија ДУИ , доби 2% поддршка од учесниците на анкетата.

Интересно е да се напомене дека во македонскиот блок со најголема поддршка од помалите и вонпарламентарни партии добија партиите Левица на Димитар Апасиев и Граѓанско Демократска Унија-ГДУ предводена од Петар Колев.

Во продолжение погледнете ги резултатите од анкетата која што беше затворена денеска.



Слични Објави