|

ПРВА СЕДНИЦА НА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА

Владата на Македонија денеска ќе ја одржи првата редовна седница во 2020 година со неколку точки на дневен ред.

На оваа седница ќе се разгледа и ќе се донесе одлука по Предлогот за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Македонија.

Владата денеска ќе го разгледа и ќе донесе одлука за Предлогот за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата на Република Македонија, како и по предлогот за именување на претседатели и членови на посебните комисии на Владата на Република Македонија.

Седницата на Владата на Република Македонија се очекува да започне во 11:00 часот и со неа ќе претседава претседателот на Владата, Оливер Спасовски.



Слични Објави