|

СПАСОВСКИ ТРЕБА ДА ПОДНЕСЕ НОВ АНКЕТЕН ЛИСТ ДО АНТИКОРУПЦИСКА- ВО СТАРИОТ ИМА КУЌА, АВТОМОБИЛ, УМЕТНИЧКИ ДЕЛА И КРЕДИТ ОД 600 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Новиот технички премиер Оливер Спасовски во рок од 30 дена треба да достави нов анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција.

Во анкетниот лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал министер во 2017 година на свое име пријавил куќа во Куманово од 309 метри квадратни, проценета на 7,3 милиони денари, стекната како подарок и автомобил Пежо 307.

Спасовски на свое име има уметнички и колекционерски предмети, проценети на 260 илјади денари, но и кредит од 600 илјади денари, кој треба да го отплати годинава.

На име на родителите пријавил земјиште во Куманово и Старо Нагоричане, шума од 37 илјади метри квадратни во Старо Нагоричане, проценета на 4,2 милиони денари и куќа од 60 метри квадратни во Куманово, проценета на 1,2 метри квадратни.

Според анкетниот лист родителите на новиот технички премиер поседуваат уште Шкода Фабија, машини и друга опрема, а исто така и .денарски платежни картички.



Слични Објави